Стадионот „Филип Втори“ преименуван во „Тоше Проески“

9 април 2019

Мултифункционалната Национална арена ќе го носи името „Тоше Проески" - вака гласи одлуката за 129 редовна седница на Владата на Република Македонија, а за преименувањето на Националната арена „Филип Втори“.

Веста прв ја објави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на својот „Твитер“ профил, а накратко стана достапна и на официјалната страна на Владата.

Ваквата одлука во јавноста предизвика различни реакции, од тоа дека музичкиот великан го заслужува тоа, до реакцијата на Комитите дека овој стадион засекогаш ќе остане „Градски стадион - Скопје“.

За потсетување, градскиот стадион во 2009 година беше преименуван во Национална арена „Филип Втори".

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
411 пати
Тагови: 
стадион Тоше