Стефанија Насеска: Не ми поминува лето без латино хитови

31 јули 2017

Сигурни сме дека повеќето од вас се сеќаваат и пополнувале лексикони во детството. Ние одлучивме да се потсетиме на убавите години, а воедно да ги потсетиме и нашите соговорници.

Нашата дизајнерка Стефанија Насеска, ни раскажа за возбудливите маалски летни игри, за првите летни симпатии и за омилените настани во лето. Во продолжение го читате нејзиниот летен лексикон...

Си пополнувала ли некогаш лексикон?
-Детството ми беше исполнето со пополнување на лексикони и споменари, убави спомени се тоа.

Прва асоцијација за лето...
- Плажа и слатка лубеница.

Прв летен одмор без родители...
-На најегзотичната дестинација која можев да ја замислам со мојот детски памет и годините - Охрид. На одмор со друштво, па тоа беа денови кои никогаш нема да ги заборавам.

Кои ти беа омилени активности како дете за време на летниот распуст...
-За време на летниот распуст во маало имавме најразлични активности, но посета на гратскиот базен и прскање со вода на улица ми беа некако омилени.

Предлог книга за на плажа...
- Во моментов ја читам 'Петтото евангелие' од Иан Колдуел и радо би ја препорачала.

Ова лето слушам...
- Не ми поминува лето без латино хитови.

Ова лето гледам (предлог филм, филмски маратон)...
-Комедиите и акциите ми се омилени жанрови па би преорачала еден од поновите 'Baywatch', Холивудска продукција совршен за некоја летно кино дружба во двор со пријателите комбинирана со пиво и пуканки.

Омилен летен настан, фестивал, културно случување...
-Дефинитивно Охридско лето и културните настани во негова организација.

Што е за тебе знак дека стасало летото?
-Првите ластовички на жиците, јагодите и црешите.

Што ако се расипе клима на +40?

- Неодамна доживеав таква ситуација и едноставно - 'хибернирав'

Во кои ситуации се вцрвенуваш?
- Најчесто кога сум физички активна т.е кога трчам.

Што најмногу те иритира на плажа?
-Не сакам врева и некултурно однесување.

На/За што размислуваш додека лежиш на плажа?
- Размислувам за многу работи, но никогаш нешто сериозно бидејќи тоа ми се денови кога сакам психички да се релаксирам.

Се сеќаваш ли на првата летна љубов?
-Повеќето биле симпатии кои за момент ти затоплуваат околу срцето и ти го прават одморот повозбудлив.

Без што не заминуваш на летен одмор?
- Списокот на предмети е премногу долг, но она што мене ми е најбитно: на одмор не тргнувам без добро расположение.

Објавено:
31 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
638 пати