Светски еко хотели кои ќе ве воодушеват

28 јуни 2014

Сепак тоа не е оправдување за да не се зголеми грижата за околината, и токму затоа иницијативата на високобуџетните компании за вметнување на поимот „eco friendly“ во нивната програма е за пофалба. Овој пат ќе ви посочиме неколку еко хотели кои на своите имоти одгледуваат органска храна.

Post Ranch Inn, Калифорнија

Овој волшебен хотел своите врати за јавноста ги отвори во 1992 година, но сепак долгата историја е таа што придонесува тој да биде препознатлив по спојот на архитектурата и природата.  Овој ранч по трансформацијата на луксузен ресорт на посетители им нуди луксуз и одмор на високо ниво.

Bardessono, Калифорнија

Хотелот се наоѓа во долината Напа и е совршен спој на модерниот луксуз и едноставната елеганција. Во ресторанот има свежи намирници, забрането е пушење цигари, па дури и електронската цигара и како превозно средство за шетање низ градините во хотелот дозволени се само велосипедите. Органски материјали се употребувани за екстериерот и ентериерот, собите се  со ширки прозори за поголема светлина во нив, а хотелот има добиено награда за еден од најдобрите Green Organic Spa дестинации.

Terra Jackson Hole, Вајоминг

Со локација во близина до националниот парк Тетон, овој хотел е опкружен со идеална зелена површина. По добивање на сертификатот LEED стана еден од најлуксузните и скапи американски хотели. Покрај производството на електрична енергија од ветерот, се користат органски материјали, а исто така предност се дава и на рециклирањето. Ова е една од најомилените локации за зимување.

Los Poblanos Historic Inn & Organic Farm, Ново Мексико

Едно од најубавите места од американскиот Југ кој датира од 1932 година. Опкружен е со полиња со лаванда, тополи и органска фарма и е совршено место за одмор во природа. Ентериерот е во знакот на традиционалните вредности, а локацијата се смета за една од најдобрите за се видат разни видови птици на едно место.

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Култура