Тамара е нашиот претставник на „Евровизија“ 2019

25 јануари 2019

Во централниот дневник на Македонската радио телевизија вечерва, беше соопштено дека годинашниот евровизиски претставник на Македонија ќе биде пејачката Тамара Тодевска.

Тамара беше гостинка во дневникот, што го најави и преку својот Инстаграм профил, го изрази своето задоволство што честа ѝ е укажана токму неа. 

Она што е познато е дека повеќе  композитори ќе прават песни за неа, а најдобрата ќе биде промовирана кон крајот на февруари. Дополнителни детали околу тоа на кој начин ќе се одвива изборот, за сега нема. 

За потсетување, Тамара зад себе има богато евровизиско искуство.

Како македонски претставник на „Евросонг“ првпат беше заедно со Врчак и Адриан Гаџа во Белград во 2008, кога ја изведоа песната „Во име на љубовта“.

Претходно, била дел од евровизискиот тим и како придружен вокал, во 2004 година на Тоше Проески во Истанбул и во 2014 година на Тијана Дапчевиќ во , Данска. 

 За потсетување, изборот за најдобра песна во Европа годинава ќе се одржи во Израел.

 

Објавено:
25 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
958 пати
Тагови: 
Тамара