Тажната љубовна приказна на Мерил Стрип

16 февруари 2017

Најголемата љубов на Мерил Стрип, пред да стане голема актерка, бил тогаш еден од најнадежните актери  Џон Казал кој умира од рак . Тогаш Мерил не ни можела да претпостави дека ќе паузира во кариерата и во целост ќе се посвети на Казал кој буквално се распаѓал од болеста. Мерил се запознава со Казал кога има 27 години во 1976 година, а тој од неа бил постар 14 години и етаблиран како актер. Велат дека било љубов на прв поглед.

Кога докторот ќе и соопшти на Мерил дека Казал починал, имала толку многу енергија во себе што силно го удрила со тупаница во гради. Казал на момент се освестил и само рекол: Во ред е Мерил.
Мерил никогаш не раскажува за овој дел од нејзиниот живот иако сите тие премрежја ќе влијаат на нејзината кариера и ќе се развие во личност каква што е денес.

Сите овие детали се откриени во нејзината биографија „Повторно таа*“ чиј автор е Мајкл Шуман.
„Тој не беше таков кога го запознав на самиот почеток, беше специфичен, хуман, љубопитен,чувствителен“.

Иако Казал кога ја почнале својата врска имал снимено неколку филма, тие двајца едвај составувале крај со крај. Живееле во изнајмен мал апартман на Менхетен, излегувале во ресторани каде сопствениците ги честеле.


Во моментот кога ќе почнат малку повеќе да заработуваат, се селат во поголем стан. Докторите му соопштуваат на Казал дека ракот на плуќа веќе метастазира низ цело тело и е во терминална фаза. Во тој период заедно го снимаат „Ловци на елени“, а Мерил улогата ја прифаќа само за да бде покрај него цело време.


Тие двајца цело време  кријат каква е реалната здравствена состојба на Џон. На зрачења го носел Ал Пачино кој во ниту еден момент не се посомневал дека ќе се случи најстрашното.

Дури продуцентите сакале да го отпуштат од сетот на „Лoвци на елени“, но колегите се бореле за неговата улога да остане.

Режисерот на филмот Мајкл Чимино ќе изјави: Ми рекоа да го откачам Џон. Беше ужасна ситуацијата, се расправав, викав...


Мерил Стрип подоцна ќе открие дека сите трошоци за неговото лечење ќе ги покрие Роберт Де Ниро. Во овој период таа добива улога во серијата „Холокауст“. Казал бил премногу слаб и истоштен за да појде со неа, но таа ќе го прекине снимањето и последните пет месеци од неговиот живот ќе ги посвети само на Џон.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.940 пати
Извор: 
people.com