Тажната приказна на Перхан

13 октомври 2016

Давор Дујмовиќ најмногу го паметиме по улогата на Перхан во филмот „Дом за бесење", но и по улогите во сега веќе култните епизоди на серијалот „Топ листа на надреалистите".

Давор е роден во Сараево и до крајот на животот ќе му остане прекарот Перхан. Улога која ја добива сосема случајно. Кога бил втора година во нижото музичко училиште имал обичај, после часовите да намине кај својот татко кој работел на пазарот на Маркала.

-Бевме сиромашни, немав инструмент, ама мајка ми ја познаваше чистачката во училиштето, па ноќе ми отклучуваше за да можам да вежбам.

Во близина на музичкотот училиште имало ресторан каде одвреме навреме пиел сок. Eден ден се појавил Емир Кустурица заедно со неговиот асистент. Асистентот го прашал татко му на Давор дали може да учествува на аудиција за филмот „Татко на службен пат", на што тој се согласил. После пробното снимање Кустурица ќе одлучи дека е совршен за улогата.

По завршувањето на филмот сака да се запише на филмска академија, но не поминува на приемен испит. Пробува само еднаш и ќе каже дека и тоа му било премногу.

Со неполни 18 години Давор е прогласен за еден од петте најдобри актери во Европа. Го споредуваа со Дастин Хофман, но на почетокот од 90-тите години се „навлекува" на дрога. Неколку пати ќе се обиде да се лечи, но без успех. Во тој период ќе изјави: Она што може да ти го направи хероинот, не би посакал ни на мојот најголем непријател. На почетокот бев мал и љубопитен, но тоа ме доведе до зависност.
Давор војната ќе ја дочека во Сараево, но набрзо заминува во Белград каде ќе сними уште неколку филма од кој најпознат е „Underground". После војната оди за Бања Лука каде го основа фондот за култура на Република Српска, а кој подоцна ќе го носи неговото име. Од Бања Лука се сели во Словенија кај девојка му со која живее последните години од неговиот живот. Слободното време го минува со коњи, се борел до крајот на животот со силна депресија и алкохолизам.

Во 1999 ќе изврши самоубиство со бесење во Ново Место. Давор имал само 30 години.

На прашањето зошто не снима како претходно, ладно ќе одговори:
-Чекам малку да смири земјинава топка.

 

 

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.178 пати