Тимот Свифт е победник на 5-от „NASA space apps challenge“

19 мај 2017

На 17-ти Мај, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот го организираше финалето на 5-тото јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge во Македонија. За наградата од Македонија се натпреваруваа 26 тимови составени од програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички работеа на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената.

Победничкиот тим беше избран од страна на Жири комисија составена од институциите и компаниите поддржувачи на натпреварот, претставници на НАСА и онлајн гласовите од публиката.

Претставници на тимот СВИФТ оваа есен ќе патуваат во NASA Kennedy Space Центарот во Флорида, каде ќе проследат полетување на вселенско летало, но и ќе го презентираат своето решение пред претставници на NASА и потенцијални инвеститори. Карактеристично за натпреварот оваа година што трите тимови финалисти се составени од средношколци матуранти што покажува дека потенцијалот на младите генерации не смее да се потцени, туку треба навремено да се препознае и поддржи. Сите три тимови и понатаму остануваат во конкуренција на Глобално ниво каде победниците ќе бидат објавени на почетокот на месец Јуни.

1. Победничкиот тим SWIFT креираа решение кое ќе помогне во оптимизација на работата на соларните панели и ќе мотивира што повеќе домаќинства да ги користат истите. Решението овозможува прибирање на податоци од соларни сензори и нивно искористување за прецизно пресметување на заштедите и бенефитите за Земјата.

2. Решението креирано од Тимот Delta ќе помогне во рана детекција и брзо информирање за евентуални пожари што е критично за навремена и ефективна реакција и успешно гаснење на пожарите. Со платформата креирана од овој тим дури и случаен минувач ќе може да пријави пожар.

3. Тимот Numero Uno креираа видео во кое ги презентираа убавините на планетата Земја и со кое сакаат да мотивираат што повеќе луѓе преку согледување на диверзитет и убавините на нашата планета да ги прифатат и вреднуваат своите разлики и да се фокусираат на работите што не обединуваат.

На 22 Јуни 2017 година, за време на Paris Air Show, Њуменс Бизнис Акцелераторот и Европската Вселенска Агенција ќе го објават стартот на соработката за организирање на натпревари за иновации и вселенски технологии во 15 градови на територија на САД и секако во Македонија со почеток од 2018 година.

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
89 пати
Тагови: 
NASA технологија