Лујза Хеј (1926-2017)

Тоа што го давате, тоа ви се враќа!

5 септември 2017

Лујза Хеј почина на 30-ти август на 90 годишна возраст, мирно во својот дом, опкружена со своите најблиски. Таа беше инспирација на многумина затоа што успеа потполно да го смени својот живот и сопствената судбина. Тешко детство, родителите ја имаат напуштено, преживеала силување, живеела гладна и сиромашна, а пресврт во својот живот е нејзиното излекување од рак. Таа тврдеше дека ракот на грло на матка го излекувала само со афирмативни визуелизации, здрава исхрана и психотерапија. Била длабоко уверена дека болеста ја добила само со тоа што долго време се држела во себе, целиот бес кој го потиснувала со години, сè што преживеала. Еден од најпознатите мотивациони оратори, автор на многу книги.


„Ракот е предизвикан од длабок, долготраен гнев, тагата која ја носите во себе. Тоа трае толку долго што буквално ве јаде се одвнатре. Тоа е длабока тајна, голема тага, омраза која ја негувате кон некој. Клучот на лекувањето е во тоа што треба да почнете да се сакате себеси и да се прифатиме такви какви што сме“.

После излекувањето Лујза Хеј ќе почне со пишување и постигнува огромен успех, нејзините дела се преведени на повеќе од 30 јазици, а таа пак станува пример за многумина. Со својата техника на самоизлекување и позитивна психологија, на милиони луѓе ширум светот тоа ќе биде единствениот излез, нејзината техника и афирмации.

Да се потсетиме на некои нејзини цитати:

-Љубовта никогаш не е надвор од нас, секогаш е во нас самите.
-Во вечноста на животот сè е совршено и целосно, јас повеќе не бирам да верувам во старите ограничувања, бирам да се видам себеси како мене ме гледа универзумот-совршена, целосна и потполна.
-Можеби не знаеме како да простуваме, можеби и не сакаме да простуваме, но оној момент кога сме подготвени да простиме почнува нашето исцелување.
-Минатото е минато и не можеме да го смениме. Овој момент е можеби тој вистинскиот кој треба да го искористиме. Длабоко во моето битие се наоѓа бесконечност на добрина и благодарност и сега дозволувам таа благодарност да ме обземе, да ми го исполни срцето, телото и умот, сета свест на моето битисување. Таа благодарност се распростира од себе во сите правци.
-Имате моќ да се излекувате себеси и мора да бидете свесни за тоа. Често мислиме дека сме беспомошни, но тоа не е точно. Моќта е во нашиот ум. Кажете си го тоа самите на себе и искористете ја таа моќ.
-Почнете да го забележувате напредокот и радувајте му се.
-Ако прифатите да верувате во сопствените ограничувања тие стануваат вистина.
-Љубовта е најголема лековита сила која ја знам. Љубовта може да ги излекува најдлабоките, најболните сеќавања, затоа што таа носи светлина, разбирање. Ги осветлува најтемните ќошиња од нашето срце и умот.
-Кога велите „да“ на животот и животот ви вели „да“.
-Вие сте единствената личност која ги одредува мислите. Вие сте авторитет на својот свет. Ниту една личност, место или предмет немаат никаква моќ над вас, затоа што вие сте единствениот мислител во својата глава.
-Бидете подготвени кога ќе дојде љубовта. Подгответе се и бранете ја љубовта. Сакајте и ќе бидете сакани. Бидете отворени секогаш да прифатите љубов.
-Самоодобрување и самопочитта во овој момент се главните клучеви за позитивни промени на секое поле во вашиот живот.


-Секоја наша мисла ја обликува нашата иднина.
-Загледајте се во вашите проблеми кои ве мачат и запрашајте се како сте ги создале.
-Јас велам „надвор“ на секоја негативна мисла која ми се врти во умот. Вие ја креирате вашата -вистина, затоа што управувате со вашите мисли. Ја креирате својата реалност и се во неа.
-Секогаш кога размислувате користете ја визуелизацијата за исцелување, секогаш кога ќе кажете нешто за вашето лекување сите планети се поврзуваат со истомислениците ширум светот кои ја посакуваат истата работа за нив.
-Растеме духовно кога ја прифаќаме одговорноста за својот живот.
-Бидете подготвени да го направите првиот чекор колку тој да е мал. Концентрирајте се на фактот дека сакате да учите и да научите. Се случуваат чуда тоа е сигурно.

 

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.567 пати