Том Харди е главен фаворит за новиот Џејмс Бонд!

23 јануари 2018

Дали холивудскиот актер Том Харди ќе го облече смокингот на Даниел Крег и ќе го замени во улогата на најпознатиот агент, Џејмс Бонд?

Според „Coral", веројатноста е голема и сѐ повеќе во обложувалниците се типува на неговото име.
Даниел Крег својот петти и последен Агент 007 го игра во 25-то продолжение на познатата сага чија премиера се очекува во ноември 2019, а после тоа се бара замена за улогата на култниот агент.

Во неколку претходни наврати, се споменувало името на Том Харди како еден од потенцијалните актери што ќе го заменат Крег, заедно со имињата на Идрис Елба, Том Хиделстон и Џејмс Нортон.

Но, според последните информации на „Coral", како и коментарите на стручната јавност, се поизвесно е дека Харди е најблиску до улогата на најпознатиот агент.

На кого типувате вие?

Фото извор: Getty Images, Esquire 

Објавено:
23 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
367 пати