Традиционална новогодишна претстава на децата од „11 Октомври“

27 декември 2016

Талентираните дечиња од Домот „11 Октомври" традиционално и оваа година пред своите пријатели ја изведоа новогодишната претстава со која посакаа поуспешна и посреќна 2017 година.

Со музички, балетски и театарски перформанс децата успеаа да измамат искрени насмевки кај нивната публика, а за возврат добија новогодишни подароци.

Како што и самите деца ни кажаа, овие денови пред Новата година тие се многу зафатени со оглед на тоа што постојано им доаѓаат гости кои сакаат да се дружат со нив. На денешната претстава присуствуваа претставници од модната куќа Елена Лука која традиционално и годинава им донесе празнични пакетчиња.

Им се придружуваме на овие искрени детски пораки и ви посакуваме несебично да споделувате љубов и насмевки во претстојната 2017-та!

Објавено:
27 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
394 пати