Традиционална празнична претстава на талентираните деца од „11 октомври“

27 декември 2017

Секоја година, традиционално децата од Домот за деца без родители „11 октомври" со голема посветеност подготвуваат новогодишна претстава во знак на благодарност кон сите нивни пријатели кои воедно се и нивна верна публика.

Годинава подготвија една своја, симпатична верзија на бајката „Пепелашка" со супер актерска екипа, сценографија за која се потрудиле да ја разбуди фантазијата кај публиката и со кореографија што ја подготвија заедно со нивните наставнички. Со оваа претстава како новогодишна честитка, испратија порака до јавноста да се вратат заборавените, вистински човечки вредности.

За возврат по успешната претстава, традиционално добија новогодишни подароци од нивните долгогодишни пријатели, тимот на Елена Лука.

Ви ја пренесуваме честитката за Среќна и успешна 2018 година!

 

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
176 пати