Трајни вредности: „Abbey road“ на Битлси по 50 години пак на врвот на британската топ листа

7 октомври 2019

„Аbbey road" на Битлси по речиси 50 години повторно е на врвот на британската топ листа, благодарение на ремиксираната верзија на албумот по повод јубилејот.

Поточно, претпоследниот албум на ливерпулската четворка се враќа на првото место по 49 години и 252 дена, што е најголемата пауза во историјата.

„Тешко е да се поверува дека албумот сè уште добро „се држи" после сите овие години", објави Пол Мекартни на Твитер.

Ремиксираната верзија на албумот содржи оригинални песни како „Here Comes The Sun" и „Come Together", но исто така и досега необјавени снимки.

И претходно рекордот за најдолга пауза на британската топ листа го држеа Битлси со албумот „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band" што се врати на првото место после 49 години и 125 дена.

 

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
43 пати