Три грчки острови што вреди да ги посетите, а не се Миконос, Крф и Санторини

21 август 2019

Доколку допрва размислувате за одмор и не сте сигурни каде би оделе, ние денеска имаме неколку нови предлози, односно места кои не се толку „извикани“, а се егзотични и немаат толку метеж, ако на врвот на приоритети ви е спокојот и вистинскиот одмор.

Се работи за острови во Грција, а не се популарните Миконос, Крф и Санторини, туку се поинтимни места што ќе ве воодушеват.

Погледнете:

Тинос

@grecia_vita_mia

Овој остров е оддалечен околу 120 км југоисточно од Атина. Во соседство му е островот Андрос (на само три километри), а 20 километри јужно се наоѓа Миконос. Во поголемиот дел, островот е планински, што го прави идеално во вечерните часови. За Тинос е врзан и верскиот туризам, затоа што таму се наоѓа црквата Панагија Евангелиста, посветена на Богодорица, многу почитувана во Грција. 

@nikiforos_vidalis

@aggeliki_valari

@nikiforos_vidalis

@nikiforos_vidalis

@thomas_voelkl_muc

@dimitratsingene

@natasa_al


Скопелос

Скопелос е остров во западниот дел на Егејското море. На седум километри од него се наоѓа Скијатос, а на три Алонизос. Во источниот дел на островот, во близина на градот Скопелос има и мал залив, уште една атракција за туристите.

@borisbgd87

@nicoletta_zanterino

@anthi__papadopoulou

@lora_gavr

@_chiara_g

@mariprinzi

@_chiara_g

@lovingaplace

@_chiara_g

@dr_albi


Спетсес

Ова е едно од Саронските острови во Егејското море, во средниот дел на Грција. Со уште неколку соседни острови, сочинува посебна општина во рамки на округот на Островите Атика. Седиштето на општината и најголема населба на островот е истоименото гратче Спетсес, кој се наоѓа на североисточната страна. На околу пет километри се наоѓа Пелопонез, додека Атина е на околу 80 километри (воздушно). Има и колку мали заливи, со скриени плажи, идеални за оние што сакаат мирен одмор.

@olivia_kaspo

@dimitrismaleg

@viajarsiempreincreible

@alexandrostravelerphotographer

@palomagonzalezespejo

@petrospetropoulos

@nadietta__

@vickytsad

 

 

 

Објавено:
21 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.551 пати