Три супер книги од Матица за уште поубав викенд

10 мај 2019

Во моментов во тек е 31.Меѓународен Саем на книга во ВИП Арената „Борис Трајковски“ каде свои штандови имаат голем број македонски и странски издавачки центри.

Меѓу нив е и издавачкиот центар Матица на чиј штанд ќе најдете фантастични наслови, а токму овој петок ви предлагаме три без кои не можете да си одите дома.

Книгата „Сестра на месечината“ е петта епска приказна од серијалот за „Седумте сестри“. Овојпат, приказната е за Тахгета или нагалено Тиги, која е најмистичната, а воедно и најдуховна од сите сестри. По смртта на Тате Солт, таа тргнува да го истражува нејзиното потекло на дивите планини во Шкотска каде го запознава Чарли Кинард, шармантен кардиохирург кој е оженет и повеќе од недостижен...

„Тајната на облаците“ е подеднакво возбудлива книга што ја раскажува приказната за Меги Топер која ќе му одржува приватни часови на Јуриј, мало момче доселеник кое е премногу болно за да оди на училиште.

Таа со него ќе ги дели сите мигови на среќа, љубовта кон бејзболот, кон книгите и што уште не, ќе бидат заедно на сите празници, радости и веселби. Меѓу нив ќе се роди моќна и топла врска сè до мигот кога сè ќе исчезне.

Третата од предлог – книгите што морате да ги побарате на штандот на Матица на Саемот на книга е „Месечината над Фиренца“ чија приказна нè води во снежниот Бостон, па до прашумите на Тринидад и на крајот во Фиренца. Во истата ќе бидете сведоци на страсни љубовни романси, опасни одлуки и огромната желба на една жена која истовреме очајно посакува дете, но не сака да се откаже од оперската кариера без која не може да живее.

Доктор Расел е млад и угледен лекар кој на младите двојки на секаков начин се обидува да им ја оствари желбата да добијат дете. Тоа ќе се случи и со Ерика со која ќе чува тајна што со никој не смее да ја сподели. Тоа ќе поттикне драматичен пресврт што ќе влијае на судбините на сите вмешани.

Саемот на книга трае до 14 – ти мај, а отворен е од 10 па сè до 20 часот, па побрзајте уште денес да ги набавите омилените книги за опуштен викенд.

Објавено:
10 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
476 пати