Трикови за што поорганизирано училишно катче во домот

3 септември 2018

Новата школска година започна, а со тоа и новите обврски и организации на времето и домот. Да бидеме искрени, во собата на децата често знае да биде хаос, па за да си олесните и себеси и за децата да имаат што подобра организираност, послужете се со неколку трикови.

 

Табла од плута во големина на ѕидот

извор: www.apartmenttherapy.com

Како што се гледа на фотографијата, таблата е поставена пред бирото, што овозможува вашиот ученик да ги закачи сите важни работи, да му бидат достапни. Ова може да помогне при учењето, воедно може да биде супер потсетник и организатор. Во долниот дел се ставени канчиња за пенкала, со што просторот на бирото се ослободува. Освен оваа плутена табла во поголема големина, на фотографијата се гледа уште еден трик - клупа за седење под која има простор за купии за складирање - може да бидат играчки, може да е облека, книги и тетратки и слично.

 

Закачалки

извор: www.ballarddesigns.com

Закачалките не мора да се само во ходникот на станот или куќата, можете да направите таква верзија и во катчето на вашите најмили. Нека бидат ставени на некое средно растојание, за над нив да можете да ставите табла на која ќе го обележите просторот. Ова е особено практично ако имате две или повеќе деца. Под закачалките има клупа со фиоки, каде повторно, секој ќе има простор за себе. Дури и да имате само едно учениче дома, ова е одличен начин како ранецот или облеката да не се расфрлани низ собата.

 

Полици од стар скејт

извор: www.jennaburger.com

извор: www.jennaburger.com

Идеална идеја посебно ако вашето дете е вљубеник во скејт. Можат да бидат поставени на ѕид и да бидат полици за книги, украси, или пак, да бидат полици на кои може да се складираат обувки. За што и да ви е потребно, ова е одличен начин да го разубавите просторот на вашето дете, да му биде омилен и секако организиран.

 

Дрвени полици за книги

извор: hellobee.com

Ако немате можност за поголемо биро во кое би ги сместиле сите книги за вашиот ученик, дрвени полици што би ги закачиле на ѕидот на височина прилагодена на висината на вашето дете. На тој начин ќе му бидат лесно достапни, а книгите ќе бидат организирани лесно и брзо.

 

Училишно катче во агол

извор: www.thecreativityexchange.com

Можеби вака ви изгледа невозможно, но со добро уредување и помош од стручно лице, ова може да биде мошне симпатично училишно ќоше. На преграденоста на ѕидот да се стави одозгора работна површина, и на тој начин ќе се добие импровизирано биро, над кое ќе се наредат полици со кутии за складирање. Важно е да биде до извор на светлина, затоа што во спротивно, може да биде премногу темно.

 

Полици со закачалки од страна

извор: theorganisedhousewife.com.au

Уште еден практичен начин за организација, а со многу малку труд. 

 

Теглички за складирање

извор: www.thecreativityexchange.com

извор: theorganisedhousewife.com.au

Стаклените теглички се супер варијанта за складирање ситници, особено бидејќи веднаш ќе ви биде видливо што има внатре. Од друга страна, за складирање пенкала, боички, моливи и слично, добро е да се има нешто како овие кофички, во кои работите нема да испаѓаат, исто така се лесно видливи и најважно, систематизирани.

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
747 пати