Тримесечни панди го слават првиот Божиќ во берлинската зоолошка

7 декември 2019

Берлинската зоолошка градина се пофали со нови фотографии од пандите близначки, кои се родија на 31. август годинава.

@zooberlin;

Со оглед на тоа дека тие се првите бебиња панди родени во германската зоолошка, исклучително се горди на нив, па во текот на овие три и пол месеци постојано објавуваа фотографии и видеа со нив, а во контекст на тоа како напредуваат.

Двете мали панди немаат уште име, а тимот на берлинската ЗОО велат дека нивната мајка, женката Менг Менг се покажала како грижлива мајка.

Убавите панди прогледале во октомври, и се исклучително љубопитни.

Како пренесува „Гардијан", тие до својата четврта година ќе живеат со мајката и таткото, а потоа од Берлин ќе бидат пременстени во Кина, од каде и изворно доаѓаат.

Во пресрет на Божиќ, направена е и празнична фото-сесија.

Нависитна се преслатки. Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zoo Berlin (@zooberlin) onNov 30, 2019 at 2:43am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zoo Berlin (@zooberlin) onNov 24, 2019 at 5:09am PST

 

Објавено:
7 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
157 пати