Трите принцези ја победија борбата со ракот

10 март 2017

Во 2014 година, фотографката Лора Скантлинг направи фотографија од три мали принцези заболени од редок вид канцер, која за многу кратко време го обиколи светот.

2014

Таа тогаш прикажа три девојчиња кои имаат потреба од поддршка и кои се тука едни за други.

Три години подоцна, Скантлинг повторно им направи заедничка фотографија, но овој пат, победникчка! Трите принцези се поздрави од било кога.

-Мојот татко се бореше со рак на белите дробови, па сакав да направам нешто низ што ќе бидат кажани илјада зборови, нешто што претставува емоција. На Фејсбук објавив дека барам мали девојчиња заболени од рак за фотографија и портретот беше роден – вели фотографката.

Тогаш тригодишната Рајли, шестгодишната Реан и четиригодишната Ејнслеј не се познавале меѓусебно. Нивното прво среќавање било на фотосесијата, по што веднаш станале пријателки.

После три години, новата фотографија предизвикува повторно силни емоции. Сега на неа се три девојчиња, со златна панделка во раката (за свесност на оваа болест кај децата) кои го победија ракот и кои се посилни од било кога.

2014

Ракот е како змеј – вели Реан.

Да, а кемотерапијата е принцот – одговара Ејнслеј.

Ракот се „закачи“ со погрешни принцези – додава Рајли.

Погледнете ги новите фотографии од овие хероини кои на болеста ѝ кажаа збогум, се надеваме засекогаш!

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.860 пати
Извор: 
boredpanda.com