Убавини: Пристигна и празничната колекција на Икеа

19 ноември 2019

Постојат луѓе што уживаат во тоа да создадат топла атмосфера во домот. Попрво би се откажале да си купат нешто себеси, отколку за домот.

Ако сте од тие, тогаш ова е текстот за вас.

Во периодот кога брендовите почнуваат да нè потсетуваат дека одбројувањето до новогодишните и божиќните празници започна, излезе и колекцијата на Икеа.

Шведскиот бренд се потруди и оваа година да нè разгали сите со своите предлози за тоа како би можел да излгеда нашиот празничен дом.

Без разлика каква ви беше годината, дозволете си боја и во домот, а со тоа и во животот. Направете место каде што ќе се потсетите на она што е навистина важно во животот и каде со своите најблиски ќе заборавите на сите проблеми, макар за кратко.

А дотогаш, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се да создадете магија:

 

Објавено:
19 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
8.254 пати