Уреди го просторот како да нема утре

17 февруари 2015

Уредувањето на домот колку што може да не развесели додека создаваме простор онаков каков од секогаш сме сакале толку може да ни зададе и многу недоумици и проблеми. Затоа еве неколку совети.

 Примамливо и модерно

14-177642

Понекогаш убавата гарнитура или пак парче мебел може да се спореди со вашите попетици. Да тие се преубави, но не можете да ги носите подолго од 5 минути. Затоа внимавајте при избирањето на мебел, морате да бидете сигурни во неговата удобност и практичност.

Боење без проба

876 (3)

Секој од вас барем еднаш избунтувал со некоја боја, бојадисал некој ѕид за дури при крајот да сфати дека таа боја не чини. Обидете се најпрво да обоите мала површина и да следите како бојата на ѕидот изгледа низ сите делови од денот бидејќи светлината е сосема различна.

За тоа одсекогаш сонував

13-190216

Пример за ова е поставување на пример голема трпезарија во мал салон бидејќи одсекогаш сте сакале да подготвите свечена вечера  за пријателите. И да немате голема маса ќе подготвувате вечери, не ги фрлајте парите залудно.

Следниот пат квалитетно!

W

Финансиската конструкцијата била многу важна кога сте купиле некоја релаксирачка фотелја, а кратко потоа ви треба нова нели. Затоа подобро почекајте, и купете го мебелот кој ви се допаѓа, стилски ви одговара и е квалитетен.

 Детали од насловна

M

Ситниците по ѕидовите, дизајнерски полици или  поп – арт уметност би можело да изгледа идеално, но кога ќе купите вистински детали за вашиот нов стан, важна е само една работа – мора да имаат некое значење за станарите инаку немаат смисла.

Бело и совршено

56456456456465 (10)

Белите столови, двосед, кујна или дебелите килими се веќе дел од секоја сценографија во сите филмови и рекалми за станбени кредити. Дека белата е исклучително прекрасна, софистицирана и му дава посебна магија на вашиот дом нема збор, но не можете ни против фактите, таа е најчувствителна боја, затоа размислете дали сакате дамки насекаде.

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Култура