Уживајте во есенско освежување на домот со новата колекција на H&M

22 септември 2014

Веќе се уверивме дека оваа есен кај ентериерите владеат пастелните нијанси и ретро деталите. Сето тоа на едно место се најде во новата есенска колекција за детали во домот  на шведскиот бренд H & М.

hm home (36 of 54)

Интересни чинии или пак по дискретни детали, покривачи, перници,  кои  му даваат свеж и уникатен дух на амбиентот во просторот.

hm home (49 of 54)

Новата есенска колекција која што во моментов се наоѓа во продавниците на H & M ширум светот, содржи постелнини, прекривки за столчиња и посебни сетови за деца изработени од еколошки материјали.

hm home (32 of 54)

Како еден од најважните трендови што брендот ги предлага за оваа есен, се бакарните украси за домот како геометриски обликуваните држачи за свеќи, бакарните кутии за накит и минималистичките послужавници.

hm home (37 of 54)

Погледнете ја целата колекција во продолжение.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Култура