В четврток започнува третото издание на Fashion & Lifestyle Expo

20 март 2018

Уште само два дена до почетокот на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Вратите на Македонската опера и балет ќе бидат отворени за сите посетители во четврток [22 .03] во 15 часот, кога настанот и официјално ќе започне, а влезот на истиот е бесплатен.

Програмата на сите три сцени – MAIN STAGE, CREATIVE HALL и BEAUTY BAR ќе се одвива со динамично темпо, а во галеријата [GALLERY] ќе можете да погледнете четири паралелни изложби.

Вечерната програма започнува во четврток [22ри март] од 20:00 часот, со коктели од Skopje Cocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата “Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.

Во петок [23ти март], вечерниот дел ќе започне во 20:00 часот со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, по што ќе имаме прилика да не’ инспирира уметноста на Италија со Rivedil, модната презентација на ателјето Alshar за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружат урбаните звуци на Зоки Бејбе.

За целосната програма, распоредот и учесниците, следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

Објавено:
20 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
162 пати