Вардаре радост и гордост си!

2 јуни 2019

Кога се игра со срце, се освојува нe само Лига на шампиони, туку се освојуваат и симпатиите, почитта и наклонот на вистинските љубители на ракометот, глобално.

Вардаре радост и гордост си!

„Македонијо има за што да си горда вечерва, затоа што во мемонтов ги имаш најголемите спортски херои во светот", со овој заклучок спортските коментатори го завршија преносот од импозантното финале во ракомет на Лигата на шампиони, што вечерва во Келн ги соочи Вардар и Веспрем. Нашите спортски јунаци по втор пат ја освоија титулата Европски првак со резултат 27:24.

Пехарот се враќа во нашата земја, откако со историска победа Вардарци и покрај тоа што беа етикетирани како „аутсајдери", покажаа како се остава срцето на терен и како таквата игра завршува единствено со заслужена победа!

Достоинствено да ги пречекаме нашите спортски амбасадори и заедно да го прославиме овој бесценет успех!

Објавено:
2 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
474 пати