Вазни кои ги имитираат движењата на брановите

23 јуни 2017

Хавајските дизајнери успеале да креираат еден доста невообичаен, уникатен, а со тоа и модерен концепт на вазна за цвеќе, која претставува совршен декор, при што ваквиот избор совршено би одговарал на било кое место од вашиот дом.

Марша Блејкер и Пол ДеСома се уметници, кои како главна суровина за своите ремек-дела користат чисто стакло. Ова беше случај и со нивната оригинална иновација, вазни за цвеќиња наречени "Ocean Wave", кои како што гласи самиот наслов, па така, вазните се буквално, океански бран.

Фото извор: Bored panda

Овие двајца дизајнери своите дела ги изложуваат во галеријата на стаклени скулптури, сместена во хавајскиот град Кауаи. Тие поседуваат единствен талент со чија помош успеваат да ја фатат силата на бранот и длабочината на океанот и да ја претстават на најуникатен начин, енергијата на брановите.

Автор на објавата е Елеонора Гоцевска, студент на УГД, Правен факултет

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
157 пати