Велосипед кој се склопува во чанта

25 јули 2014

Kit Bike е составен од 21 парче кои едноставно се спојуваат во една целина. Исто како и класичните велосипеди и овој модел е изработен од алуминиумски цевки кои се спојуваат во една челична конструкција. Едноставниот и модерен дизајн е дополнет со кожено седиште, рачни волани и кожена чанта, во која се ставаат деловите од велосипедот по неговото расклопување.

Тимот дизајнери од студиото Lucid Design смета дека ова е идеално решение за сите оние кои го употребуваат велосипедот како превозно средство. Kit Bike е дизајниран за да се решат проблемите со преносот и патувањето со велосипед низ градот, а воедно се заштедува место во домовите. Иако за овој дизајн тимот ја освои наградата Red Dot за 2014 година, сепак компанијата сеуште не започна со производство на овој модел на велосипед.

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Култура