Види музика, слушни слика, добиј книга по седми пат

23 јуни 2014

10390970_10204118897523585_4671170613452722367_n

Мултимедијалниот спектакл Види музика - Слушни слика - Добиј книга денеска ќе се одржи по седми пат и тоа во Градски Парк со почеток во 21 часот.

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар за ова издание подготвија концерт со наслов „Со танц низ светот“ и тоа под диригентската палка на Мартин Пантелеев (Бугарија). За љубителите на убавиот пишан збор ќе се поделат 20.000 примероци од изданието „Вита Бревис- писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ од норвешкиот писател Јостен Гордер.

На огромни платна со димензии 12 х 3 метри, присутните ќе имаат можност да го проследат ликовниот меч на кој еден спроти друг силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Култура