Викенд посветен на танц – „Macedonia open 2016“

24 март 2016

Викендов на 26. и 27. март во спортската сала „Јане Сандански" ќе се одржи најмасовниот до сега Интернационален танцов фестивал „Macedonia open 2016" во организација на центарот за модерни и спортски танци „Прима данца".

Во повеќе категории ќе се натпреваруваат над 2000 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Грција и други земји од регионот.
Интернационалното жири ќе го сочинуваат 7 судии, а најдобрите учесници покрај со трофеи и признанија, ќе бидат наградени и со парични награди.

За повеќе информации посетете ја веб страната на организаторот www.primadanza.mk.

 

Објавено:
24 март 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
566 пати