Викендов одиме на бесплатен Second Hand шопинг во „Олдскул“!

13 февруари 2017
Еве совршен предлог за сите што се размислуваат како да го поминат викендот, или макар еден дел од него.  Во кафулето „Олдскул“ се оранизира настан што досега не се случил во Скопје - бесплатен Second Hand шопинг. Целта е здравата и нослива облека да се подари.
 
Што треба да направите?
 
Да „прочешлате“ низ гардероберите, да одлучите што повеќе не ви е потребно, да ја исперете облеката и да се упатите накај „Одлскул“.
 
Таму пак, секој може да си земе она што му се допаѓа и тоа сосема бесплатно. Единствениот услов е да донесете нешто свое, односно да не доаѓате со празни раце.
 
Облеката што ќе остане на крајот, ќе биде донирана во организација на здружението за самохрани мајки „Една може“. Затоа, ако имате детенце, братче, сестриче, донесете ја и нивната облека што веќе им е мала или не сакаат да ја носат, има на кого сигурно му треба. 
 
Сето ова можете да го сторите од 12 часот на пладне, па до 19 часот (и во сабота и во недела). Ако некој нешто не разбра или случајно заборави, потсетување на линкот ОВДЕ.
 
Објавено:
13 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.773 пати