Винка Саздова на средба со битолската публика

5 декември 2018

Една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова, по покана на НУУБ „Св. Климент Охридски" – Битола, во среда, 5.12.2018 г., ќе ја има својата прва средба со битолската публика и промоција на своето творештво во овој град. Настанот ќе се одржи во Салата за промоции на битолската библиотека, со почеток од 12 часот, а промотор ќе биде истакнатиот писател и професор д-р Венко Андоновски.

На оваа прва средба со Саздова, битолската публика ќе има можност да се запознае одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. Винка Саздова е автор на романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013) и Луна (2015). Последниот чај е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.

Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор" – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски", а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци".
Основач е на Издавачки центар ТРИ.

Објавено:
5 декември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
539 пати