Вистината за филмот „Убава жена“

28 октомври 2016

Џулија Робертс денес го прославува 49-тиот роденден, а по тој повод сакавме да се потсетиме на едно од најпопуларните остварувања во нејзината кариера а и 1990-тите генерално – „Убава жена“.

Во продолжение ви презентираме неколку и не толку познати факти за филмот:

-Оригиналната приказна била далеку „помрачна“. Сценаристот Лавтон сцнеариото го насловил како „3000 долари“(износот што Едвард го дава на Вивиен) и не се работело за љубовна приказна, ниту пак за приказна која имала среќен крај. Се работело за две личности со упрастени животи, зависници од дрога, што поминуваат недела дена заедно.

-Крајот е замислен да биде снимен во Дизниленд. Според првичната приказна, Едвард ја брка Вивиен од својот живот, а таа со парите (3000 долари) и нејзиниот најдобар другар Кал ќе заминат за Дизниленд.

-Финалното сценарио за „Убава жена“ е напишано од најмалку четири сценаристи. Иако Лавтон е единствениот за кој јавноста знае, бидејќи повеќе од половина е напишано од него, сепак текстот е пишуван и од други сценаристи, меѓу кои и Стефан Меткалиф, Роберт Гарланд и Барбара Бенедек, со цел да се направи приказната која денес сите ја сакаме.

-Џулија Робертс била заинтересирана за филмот уште од самиот почеток, дури и за „мрачната“ верзија. Сепак, засекогаш ќе остане „убава жена“. Но, покрај неа, за улогата биле планирани Сандра Булок, Џенифер Конели, Мег Рајан, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, па дури и Мадона.

-Додека да биде одбран Ричард Гир за ликот Едвард, Робертс ја „тестирале“ на неколку водечки актерски имиња во Холивуд. Дел од нив се Том Конти, Чарлс Гродин, Џон Траволта, Кристовер Рив, Дензел Вошингтон. Силвестер Сталоне ја одбил улогата, исто како и Ал Пачино.

-Филмот навистина е сниман во „Реџент Беверли Вилшир“ хотелот. Тоа бил единствениот хотел во Беверли Хилс кој дозволил да се снима и надвор и внатре. Исто така, обожавателите можат да видат како им било на Едвард и Вивиен и тоа по цена од 100.000 долари. Пакетот вклучува престој во пентхаус и шопинг на „Родео Драјв“. Дополнителните сцени се снимени во близина на хотелот „Амбасадор“ каде во 1968 година беше убиен Боби Кенеди, а кој е демолиран во 2005 година.

-„Убава жена“ е четвртиот филм со најголема заработувачка во историјата на Америка. Со преку 178.4 милиони долари, овој филм се наоѓа веднаш зад „Мојата голема дебела грчка свадба“, „Што сакаат жените“ и „Хич“. Кога се романтичните комедии од 1990 –тите во прашање, сè уште е најплатена. Веднаш зад неа е „Нешто во врска со Мери“ (176.4 милиони долари).

-На постерот не е Џулија Робертс. Всушност, нејзината глава е споена со телото на нејзината дублерка, Шели Мишел. Ричард Гир пак, има црна коса, иако во филмот има проседа коса.

-Ѓерданот што Едвард ѝ го дава на Вивиен чинел 250 илјади долари, па на сетот имал и посебен чувар.

-Легендарниот црвен фустан во кој Вивиен оди во опера, всушност требал да биде црн. Костимографката Мерилин Венс се расправала со филмското студио околу фустанот. Имало неколку пробни снимања во различни бои, за на крај да победи црвениот.

-Операта на која одат е „Травијата“. И тоа не е случајно. Во операта се зборува за проститутка која се вљубува во богат маж. Таму приказната завршува трагично, бидејќи куртизаната Виолета се разболува од туберкулоза и последната песна ја пее во рацете на љубениот.

-Во сцената во која Робертс се смее додека гледа црно-бела комедија на телевизија, режисерот Гери Маршал ја скокоткал по нозете, за да може да се насмее.

-За време на секси сцените, актерката била мошне нервозна, што резултирало со осип.

-Ричард Гир во почеткот сметал дека ликот Едвард е претерано досаден, а за сценариото ќе изјави: „Беше тоа едно мало, смешно сценарио“.

-Актерот сепак, навистина свири клавир во филмот. Дури тој е композиторот на музиката што ја свири.

-Последните реплики од филмот се дело на Лаура Зискин (She saves him right back).

-Насловот е преземен од стиховите на песната „Oh, Pretty Woman“ на Рој Орбисон.

-Сцената во ресторанот е снимена во постоечки ресторан. Се работи за „Rex II Rеstorante“ во Лос Анџелес, сега познат како „Cicada“ ( а во филмот се вика „The Voltaire). Инаку, во истиот ресторан се снимани сцени и од „Непристоен предлог“.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.946 пати