После пауза од 10 години, Авалон Продукција и Владо Јаневски ја објавија својата соработка, а резултатот е голем концерт на Владо Јаневски, кој што ќе се случи на 1-ви јуни на стадионот на АРМ.
Од продукцијата велат дека ова ќе биде неговиот најголем концерт во кариера, со кој ќе прослави 25 години соло кариера, започната со хитот „Црно Тиквешко“.
Низ годините следеа бројни хитови, а се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:
500 ден ПАРТЕР
800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)
1.000 ден ВИП
Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).