Во Њујорк не се употребуваат веќе пластични ќеси

8 април 2019

Од следната година, поточно од март 2020, во државата Њујорк нема повеќе да се користат пластични ќеси за еднократна употреба. 

Повеќе нема да можат да се најдат ниту во продавниците. Наместо нив, во понудата ќе треба да се стават ќеси од хартија или од некој друг биоразградлив материјал. 

Секој од различните окрузи ќе може да одбере дали ваквите ќесички ќе ги наплатува, а и доколку се наплатуваат, парите ќе бидат насочени во државниот фонд за заштита на околината. Истиот ќе послужи и за обезбедување на повеќекратни ќеси односно торбички за граѓаните кои не можат да си ги дозволат. 

За потсетување, употребата на пластични ќеси веќе е забранета во Калифорнија, како и на Хаваите. 

Ова е мал чекор, но сепак мошне позитивен и значаен на патот кон почиста планета!

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
545 пати