„Вог“ одбра: Ова се најубавите плажи на Јадранот

18 јуни 2019

Во најновиот број на француското издание на „Вог“- „Вог Париз“, новинарите го споделуваат нивното искуство од летување на Јадранот, посочувајќи ги најубавите плажи.

Ова е одлична реклама за хрватското приморје, особено во сезона на летните одмори.

Доколку и вашите планови за сезонава се насочени кон Јадранот, погледнете дел од предлозите на магазинот:

 

Zlatni rat

фото извор: welcome-to-croatia.com

Плажата е позната и како „Златен рог“, се наоѓа западно од градот Бол и е едно најфасцинантните места во Хрватска. За тоа придонесува тиркизната вода и огромната површина со песок, а ова е идеално место за водени спортови, доколку сакате кајакарство или возење со брод, глисер и сл.

 

Punta Rata

фото извор: bezmapy.pl

фото извор: croatia.hr/aleksandar gospic

Оваа плажа се наоѓа во Макарска. Интересна е поради тоа што едниот дел е сочинет од карпа и борови, што дава посебна атмосфера. Мирно е и совршено за одмор.

 

Betina

фото извор: deskgram.net

Ако се упатувате накај Дубровник, тогаш плажата Бетина не ја пропуштајте. Сместена е под карпи, а до неа можете да стасате само по морски пат – со брод, кајак или пливајќи.

 

Stiniva

фото извор:croatia.hr

фото извор: tip.ba

Оваа плажа се наоѓа на островот Вис, кој се смета за еден од најубавите во Хрватска. Плажата е мирна, но пристапот на копно не е баш едноставен, па нема претеран метеж, што ја прави уште поубава.

 

Little Green Bay

фото извор: littlegreenbay.com

На островот Хвар хотелот Little Green Bay се наоѓа еден од најубавите места во регионот. Опкружена со маслинови дрва, плажата содржи и фини лежалки, опрема за нуркање и педалинки кои хотелот ги нуди на своите гости.

 

Nugal

фото извор: makarskabeaches.com

Уште една убава плажа во Макарска. Нугал е сместена помеѓу карпи, од сончевата страна на планината Биоково.

 

Dubrovica

фото извор: www.thecrazytourist.com/15-best-things-hvar-croatia/

Оваа плажа се наоѓа на Хвар и е многу популарна бидејќи е сокриена од ветрот, морето е бистро и мирно, што предизвикува восхит и вистинско уживање.

 

Banje

фото извор: croatia.hr/aleksandar gospic

Ако престојувате на оваа плажа тогаш ќе имате панорамски поглед на стариот град во Дубровник и е една од најпознатите на југот на Далмација. Доколку се одлучите за приватно сместување, бидете подготвени однапред да резервирате и лежалки за сончање, за да го избегнете метежот.

 

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.801 пати