Возењето е позабавно со Ford Fiesta!

10 октомври 2018

Неодамна имавме чест да ја возиме новата Ford Fiesta која дефинитивно е нешто најдобро во што сме уживале во последно време.

Се чини како градскиот метеж воопшто да не беше проблем благодарение на фантастичните перформанси и можности кои ги нуди овој супер автомобил што ќе сакате да го земете со себе каде и да одите.

Новата Ford Fiesta ќе ве одведе на авантури какви што не сте си замислиле, ќе ви отвори нови патишта на кои бесконечно ќе се забавувате со пријателите, ќе ви собере сè што ви е потребно за стилско патување, а и ќе се забавувате возејќи ја благодарение на единствениот B&O PLAY систем.

Имено, станува збор за врвен аудио систем од 675 W кој дава богат и моќен звук преку 10 звучници, вуфер и субвуфер. Неповторливата технологија е специјално осмислена, развиена и подесена за Fiesta од специјалист – акустичар за B&O Play.

Но, она што секогаш треба да биде на прво место е безбедноста при возењето, а верувајте дека се чувствувавме и повеќе од безбедни додека ја возевме.

Она што мора да го знаете и е од исклучителна важност е тоа што дел од клучните функции на возилото вклучуваат помош пред судир и заштитници на рабовите на вратите доведени до совршенство.

Подеднакво важно е и тоа што при секое патување мора да бидете исклучително внимателни со уморот и да правите паузи од возењето, а овојпат Ford ве предупредува кога е вистинското време да го направите тоа.

Системот за држење правец на новата Ford Fiesta користи камера со поглед напред за да открие дали ненамерно излегувате од вашата лента. Овој систем преку вибрации на воланот и визуелни предупредувања ќе ви посочи кога е потребно да застанете и да направите пауза за спиење или одмор. Она што е и повеќе од добро е што доколку не реагирате на овие сигнали, Lane Keeping Alert ќе ви асистира со вртење на воланот за да ви помогне безбедно да се вратите во вашата лента.

Меѓу неверојатните перформанси и нови технологии вградени во новата и фантастична Ford Fiesta е и системот за препознавање на патни знаци што сте ги пропуштиле и ги идентификува на таблата, а системот Auto High Beam привремено ќе ги намали долгите светла кога ќе открие возило кое надоаѓа за да не ги заслепите другите возачи.

На секој од нас му е важна заштедата на гориво, па ќе ве израдува фактот што новата Ford Fiesta и единствениот 1,0 литарски Ford EcoBoost бензински мотор, инаку петкратен носител на титулата Меѓународен мотор на годината, ќе ви овозможат заштеда секогаш кога ќе застанете на семафор.

Она што дополнително нè восхити е неверојатната технологија што ја поседува автомобилот и уникатниот Ford SYNC 3 како најсовремен систем кој ви овозможува да се поврзете и да го контролирате својот телефон, музика и навигациски систем со гласовни команди или преку екранот чувствителен на допир.

На сите ни е значајна удобноста при возењето, па важно е да напоменеме дека има целосно искористен простор за испружање на нозете и напред и позади и неверојатна удобност во целото возило.

Во пресрет на зимата, најверојатно главното прашање е како да се стоплиме и да уживаме во секој миг во домот, а отсега и во автомобилот.

Напредната технологија по која е позната новата Ford Fiesta подразбира и грејачи на предните седишта на возачот и совозачот. Она што е интересно е што за разлика од другите автомобили, тука се загрева и управувачот со што на едноставен начин ќе си ги затоплите и рацете.

Сосема на крај, со еден збор, новата Ford Fiesta е фантастична! Ако оваа есен планиравте да го проширите вашето семејство со уште еден член, тогаш не размислувајте, туку веднаш упатете се на тест возење во салонот на Ми – Да Гранд Моторс каде што е активна кампањата Фордоманија, а Новата Fiesta е достапна за 10.990€.

*Комерцијален текст

Објавено:
10 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
517 пати