Враќање низ времето: Хитови што годинава го слават 20-от роденден

23 јануари 2017

Сите добро ги знаеме хитовите „I believe I can Fly“, „My hart will go on“ или пак „Un-Break My Hart“, но она што сме сигурни дека нема да ви се верува е дека  тие годинава ќе го прослават 20-тиот роденден.

За потсетување, „I believe I can Fly“ е снимена во 1996 година, од албумот „Space Jam“, од истоимениот филм, но популарноста доаѓа следната година.

Единствениот хит што успеа да го симне овој од врвот на топ-листите е „Un-Break My Heart“ во изведба на Тони Брекстон. Таа подоцна и освои „Греми“ за најдобра вокална изведба токму за оваа нумера.

Со оглед дека и филмот „Титаник“ ќе го прослави 20-тиот роденден годинава, и водечката песна од филмот го има истиот јубилеј.

Низ ова враќање низ времето не можеме а да не ги споменеме и легендарните „Spice Girls“ и хитот „Wannabe“, со кој останаа запишани во историјата.

Кога се филмовите во прашање, јубилеј слават и „Петиот елемент“, „Мажи во црно“, „Доверливо од ЛА“, а од телевизиските шоу-а и серии, тоа се „Телетабиси“, „Бафи - убиец на вампири“, „Убиствата од Мидсамер“.

Дваесет години од појавувањето слави и книгата „Хари Потер“, „Истрајна љубов“, „Мемоарите на една Гејша“ 

Во продолжение ви претставуваме микс од песни, што го одбележаа детството на голем број од нас, а беа вистински хит уште од самото појавување пред 20 години. Воедно, може да ви биде и денешната плеј листа.

Уживајте:

Backstreet Boys – Everybody (Backstreet's Back)

 

Natalie Imbruglia – Torn

 

Hanson – MMMbop

 

Aqua – Barbie Girl

 

Sixpence None The Richer – Kiss Me (She's All That)

 

Puff Daddy – I'll be Missing You

 

'N Sync – Tearin' Up My Heart

 

Robbie Williams – Angels

 

Backstreet Boys – As Long As You Love Me

 

Foo Fighters, "Everlong"

 

Blur, "Song 2"

 

Radiohead, "Karma Police"

 

Depeche Mode, "It's No Good"

 

Bjork, "Bachelorette"

 

Tonic, "If You Could Only See"

 

 

Објавено:
23 јануари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
369 пати