Women scream –Меѓународен фестивал на поезијата и уметноста по втор пат во Скопје

16 март 2017

На 28-ми март по втор пат Скопје се приклучува на интернационалната мрежа на градови каде се организира Women scream, Меѓународен фестивал на поезијата и уметноста, а во светот познат како Меѓународно движење на жените-поети.

Фестивалот е светски синџир на настани што се одржуваат од 1. до 31. март на кој учествуваат поети, уметници, мажи и жени, од различни земји во светот, а се со цел да се испрати порака за поголема самодоверба, почит и да се зајакне гласот против насилството врз жените, на рамноправна основа.
Во Македонија настанов по втор пат го организираат Оливера Доцевска и Елена Пренџова, во координација со здружението „Јустиција", а меѓу поддржувачите на настанов оваа година е и Фондацијата Елена Лука.

Програмата годинава е конципирана така што активностите во текот на овој ден ќе се одржуваат на повеќе локации, а ќе учествуваат луѓе со различни професионални профили.

Во продолжение ви ја пренесуваме програмата во целост.

12.00–20.00 часот
Целодневна изложба (Уметничко студио „Фантаст" – Аеродром, ТЦ Бисер)

Емилија и Стојче Тоциновски (акрил на хартија), Ана Ранкович (акварел на хартија), Ганна Мозгова (комбинирана техника), Иванка Апостолова Башкар

12.00–13.00 часот
Дебата на тема „20 дена по 8 Mарт и шчо напраифме?". Родовата рамноправност, борбата против семејно насилство и правата на жените како основа за поправедно општество (МКЦ, Џебно кино)

Панелистки:
Билјана Дуковска – Македонска платформа против сиромаштија – МППС, Марија Савовска – Акција Здруженска, Билјана Страмшак Ѓуровска

Модераторки:
Оливера Доцевска, Елена Пренџова

13.00–14.00 часот
Видео проекции од НВО-и за права на жени – ХЕРА, ЕСЕ (МКЦ, Џебно кино)

18.00 часот–19.00 часот
Тематски слем (МКЦ Клуб ресторан)
Рената Пенчова, Коста Карев, Марина Мијаковска, Цвета Колева, Наташа Сарџоска, Василка Голубова, Кети Јованова, Симона Ташева

19.00–20.00 часот
Поетско читање (МКЦ Клуб ресторан)
Џабир Дерала (Xhabir Deralla), Дијана Петкова, Д. А. Лори, Оливера Доцевска, Елена Пренџова

19.30 – 19.40
Шкелзен Пајазити (Shkelzen Pajaziti) – виолина

19.40 -20.00
Поетско читање (МКЦ Клуб ресторан)
Драгица Најческа, Виолета Танчева Златева, Ирена Јурчева, Филип Клетников

20.00–21.00 часот
Модна Ревија под мотото „Крик на жената "
Сара Реџиќ, Атеље Sari G
Магдалена Таневска, Magda

21.00 - 22.00–00.00 - Латиноамериканска музика (МКЦ , клуб ресторан)

 

Инаку, Women scream се одржува од 2011 година, во повеќе од 50 земји низ светот, со повеќе од 600 настани и успешно помага во меѓународното промовирање поезија, поети, уметници...

 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
236 пати