За прв пат во историјата: Момче со аутизам победи на „Америка има талент“

19 септември 2019

Веројатно веќе ја знаете приказната за слепото аутистично момче што ги освои сите симпатии на популарното шоу „Америка има талент“, но она што не го знаете е тоа дека токму ова момче по име Коди Ли победи на натпреварот.

Имено, вчеравечер беше означен крајот на 14 – тата сезона од популарното американско шоу на кое за прв пат во историјата победи момче со аутизам.

America got talent

Всушност, тој е првиот човек со попреченост што успеал да победи во шоуто, а сето тоа благодарение на неговиот огромен и неприкосновен талент.

Во финалето тој настапи со популарната британска пејачка Леона Луис со која имаа настап за паметење, а подеднакво добри беа сите негови останати настапи на кои пееше и свиреше на пијано.

USA Today

Очекувано, тој доби громогласен аплауз од публиката што го обoжаваше и му даде неверојатна поддршка во текот на целата сезона.

Покрај тоа што има неверојатен глас, Коди одлично свири и на шест инструменти меѓу кои и на пијано, а тоа го докажа и за време на настапите.

Неговата приказна е исклучително емотивна. Само неколку месеци откако се родил, му било констатирано слепило, а на четири години аутизам.

„Тој е роден шоумен. Коди е многу среќно момче. Има многу да му понуди на светот. Иако низ животот беше тешко, музиката му помогна да надмине сè. Кога имаш аутизам, многу е тешко да го правиш сето она што го прават другите. Музиката всушност му го спаси животот“, раскажува неговата мајка Тина.

Оваа година во финалето на шоуто успеа да влезе и уште едно лице со попреченост, комичарот Рајан Нимлер кој заврши на третото место благодарение на неговата неверојатна смисла за хумор и одличните шеги.

Youtube

Инфо: The Mighty.com

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.240 пати