Замокот Виндзор блесна во празничен декор

30 ноември 2019

Започна празничната сезона во британското кралско семејство. Традиционално вчера празнично беше украсена резиденцијата на кралицата Елизабета и принцот Филип, замокот Виндзор кој блесна во новогодишен декор што е атракција за целата нација, но и за светската јавност.

Фото: PA, Daily mail

На официјалните фотографии од празничното украсување, се прикажани традиционалните природни елки од паркот на Виндздорскот замок, едната висока 4,5 метри поставена во собата за цртање и уште една, висока 6 метри поставена во капелата St.George.

Фото: PA, Daily mail

Со оглед на тоа дека секоја година тематски е конципиран декорот, овојпат акцентот е на црвени и златни декоративни елементи, што традиционално вклучуваат фигури карактеристично за кралското семејство.
Покрај украсувањето на елките, персоналот вработен во кралското семејство е задолжен комплетно тематски да го уреди замокот, што вклучува и декорирање на трпезата и приборот за јадење.

Фото: Getty images,Daily mail  

Во текот на овој месец, на кралското семејство му следуваат голем број протоколарни празнични настани што вклучуваат и семејни средби, официјални ручеци со државници од повеќе земји, хуманитарни настани, а се разбира и размена на подароци меѓу членовите на семјеството, а сето тоа е пропратено и со пропишан дрес код што ги следи традиционалните начела.Фото: PA, Daily mail  

Фото: Daily mail, PA, Getty images

 

Објавено:
30 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.926 пати