Започна Фестивалот на македонското вино во „Македонско село“

21 октомври 2016

Вчеравечер во автентичниот етно амбиент на комплексот „Македонско село", со настап на култните Синтезис, започна првиот Фестивал на македонското вино.

Во текот на четирите фестивалски денови (до 23 октомври) овде сите љубители на виното и храната ќе имаат можност да уживаат во вкусот на најубавите македонски вина, вкусната храна и звуците на македонската музика во пријатна, топла и традиционална атмосфера.

Настанот има за цел афирмација на винската култура во Македонија, развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите македонски винарии, надополнети со голем број вкусни специјалитети и деликатеси, како и богата музичка програма.

Првата фестивалска вечер имавме можност да уживаме во музиката на Синтезис, а во програмата за следните фестивалски денови се најавени:

21.10.2016
Македонски чалгии (почеток 15:00h)
Баклава (почеток 18:00h)

22.10.2016
Македонски чалгии (почеток 15.00h)
Чалгија Sound (почеток 18:00)
КАРОЛИНА ГОЧЕВА (почеток 20:30h)

23.10.2016
Македонски чалгии (почеток 13:00h)
Караванија (почеток 16:00h)

За задоволството да биде комплетно, гостите ќе имаат можност истовремено да уживаат во уникатниот етно амбиент на комплексот, чистиот планински воздух и прекрасниот панорамски поглед на Скопје.

„Дозволете си несекојдневно доживување исполнето со убаво македонско вино и вкусна храна!", порачуваат од „Македонско дело"

Влезот е 100 денари.

Во галеријата во продолжение ви пренесуваме дел од амбиентот од првата вечер на Фестивалот на македонско вино.

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
582 пати