Запознајте се со уличните артисти на Баскерфест 2016

6 јуни 2016

Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и оваа година ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од 10 јуни па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија" , а и во повеќе градови низ државата ќе имаме можност да уживаме во многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи. Погледнете дел од артистите кои секојдневно ќе ги забавуваат посетителите:

 


Blink Circus

Тоа е патувачка уметничка инсталација и е единствена во целиот свет! Патувачко шоу во стилот на 20-тите години. Тоа е најмалата уметничка галерија, која содржи фотографии направени во надреалистички-циркуски стил во минијатура, направени од уметникот Лоренцо Мастројани. Сите 130 фотографии може да се набљудуваат ексклузивно со лупи и специјални лампи, кои ќе им се дадат на посетителите од страна на уметникот, на влезот на маркизата.


Mr. Copini

Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.


Ome dual

Работи на оригинална и креативна сценска изведба од 1997 година. Учењето на движењето, состојбите, прецизност на телото и внатрешната активност, е јадрото на концептот на сите креации од самиот почеток.


Mr. Bugiganga 

Уличен уметнички изведувач, презентиран од страна на ликот наречен „латино љубовник", кој ја заведува публиката со хумор и евтини трикови. Користејќи ги техниките на илузија, кловн, современа мимика, жонглирање, физичка комедија и други бесмислени комичности, овој лик ја манипулира реалноста кога игра со неговите алатки и магични апарати.


Cotzani and Wendy

Гледачите тивно се прашуваат за безбедноста на партнерот и пулсот и го насочуваат да го фрлат ножот, генерираат посебна клима на напнатост и внимание, со која публиката е сеуште шокирана со тоа што се случува на сцената. Шокантен број полн со неизвесност и сензуалност.


Diogo Alvares

Бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети.


Vinyl Burns

Магијата, музиката, интеракцијата и смеата на физичка комедија и кловн. Спектакуларен уличен изведувач кој ги оживува улиците. Возбудлива, семејна, весела забава, која создава возбудлива атмосфера.

Од поистакнатите светски баскер артисти, Македонија ќе ја посетат и Uni Pro Show, Willy Wonder, Suad Demirovic, Perfomer Monk, Brostreets, Mui Moi show, Golden Branch, Miyako, Circolya La Follia, Rulas Quetzal, Ventura Moriya Ya-ya, Martin Melinski и многу други.

Објавено:
6 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
203 пати