Zara Home го претстави лукбукот за есен-зима 2014

20 август 2014

Брендот Zara Home го претстави лукбукот за есен-зима 2014. За разлика од пролетната колекција наменета за домашно уредување која беше потполно синхорнизирана со топлата сезона презентирајќи цветни принтови, апликации со пеперутки и многу весели нијанси, есенската колекција  целосно е  во знакот на неутралните тонови збогатени со раскошен декор на сребрени и златни детали, кои вашиот животен простор ќе го направат неверојатно пријатен и удобен.

Во суштина навистина е тешко да им одолеете на романтичните постелнини и едноставните садови кои ќе направат вашата маса да изгледа отмено и елегантно. Линијата вклучува и детали за уредување на детски ентериери, а главните протагонисти се преслатките кадифени мечиња, плејадата играчки, детски ќебиња и постелнини кои вашите најмили едноставно ќе ги обожаваат. Во продолжение уживајте во топлината на домот што креативниот тим на Зара го дизајнираа специјално за вас.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Култура