Еден од омилените ликови од Македонските народни приказни и Хихирику, познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, почина денеска во 67-та година од својот живот.

Трагичната вест ја потврди директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, кој на својот фејсбук профил напиша:

„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме".

Причината за смртта сè уште не е позната.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април, 1951 година во Скопје.
Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје" од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично.

Добитник е на бројни престижни награди и признанија за својата дејност.

• Награда „Димче Трајковски" за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински" – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно" од Г. Стефановски
• Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер" за 1987 година
• Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран"
• Награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински" – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар" од Д. Ковачевиќ
• Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година 

Филмографија:

• Балкан бенд
• Погрешно време, 2000
• Македонски народни приказни, 1989 – 2012
• Хихирику ,
• Ангели на отпад , 1995
• Грев или шприцер, 1993
• Време, живот, 1992
• Тетовирање , 1991
• Елелига Пепелига, 1991
• Поштар , 1991
• Опстанок , 1990
• Среќна Нова '49 , 1986
• Трето доба, ТВ серија, 1986
• Климент Охридски , 1986
• Солунски патрдии , 1985
• Диво месо , 1984
• Виновник , 1983
• Илинден , 1983
• Пресуда , 1977

Фото извор: Google

Објавено:
25 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.664 пати