Михаил Лабковски психолог

Здравиот човек нема никогаш да стапи во брак

24 јули 2017

Зборовите на Михаил Лабковски нема да ве остават рамнодушни, некој ги прифаќа некој негодува, но и за едните и за другите неговите совети имаат силно влијание. Тие се темелат на „здрав цинизам“ и долгогодишно искуство. Да престанете да мислите на мажачка!

Здравата личност не сака да стапи во брак. Првата работа која треба да ја направите е да престанете да мислите на мажачка или женачка. Со други зборови ако треба да се мажите (жените) треба да ја обезвредните таа идеја. Кога човек има стабилна психа тој може да живее со еден партнер цел живот, тоа е практично влогот кој го внесувате во заедничкото живеење. Без исклочок, се останато ќе ве однесе директно на кардиолог или онколог.

Луѓето не се сакаат меѓусебе затоа што се потчинуваат едни кон други. Парадоксот е во тоа што мажите сакаат жени кои се „кучки“. Тие ги обожуваат. Причината на женските проблеми не лежи затоа што мажот се однесува како јарец, туку е затоа што таа има невроза која сака излез. За тој излез неопходен е одреден човек и односи по кои таа ќе се тревожи и затоа намерно се впушта во такви односи оти од дете има таква потреба за тоа. Ние ја мериме љубовта со нивото на тоа тревожење. Во здравата љубов станува збор само за тоа колку си среќен. Кога стјуардесата ги покажува маските за кислород што вели?Ако патувате со деца прво себеси треба да ја ставите маската, па после на децата. Во тоа е целиот трик, секој се обидува да помогне на детето останувајќи притоа апсолутно без рамнотежа. Така тоа не се работи. Ако сакате да му биде добро на детето, прво направете нешто со сопствената глава.

Мажите пак така се воспитани од најраната возраст во периодот кога раснеле со мајката, приоѓаат само кај оние кои преку контакт со очите добиваат одобрување. Приоѓаат кога жената ќе им се насмевне, кога го гледа во очи. Здравите луѓе секогаш бираат во корист на себеси, а невротичарите на своја штета и во тоа е главната разлика. Жената никогаш не треба да толерира тоа што не и се допаѓа. Треба да зборува за тоа, а ако мажот не се менува треба да си замине од таа врска и да зборува за тоа. Мажите се како деца, им се допаѓа кога жената има карактер. Ако човек на другиот човек му го заменува целиот свет тоа значи дека тој нема свет за себе. Осаменоста не е недостаток на љубов околу. Тоа е отсуство на интерес за себе уште од најраното детство. На прашањето бараш ли партнер, ќе те потпрашам кого го бараш?Единствен квалитет кој може да биде кај твојот партнер е да те фати, сето останато не е важно. Ако го сакаш, ако се грижиш за него тогаш нема никакви замки. Што треба да направиш за да стапш во брак?Само да бидеш свој. Тоа е доволно. Да сакаш е да бидеш свој, ни помалку ни повеќе. Дали знаете која е разликата помеѓу здрава личност и невротична? Здравата личност исто страда, но поради реални приказни. Невротичната страда од фиктивни приказни. Ако пак страдањето не е доволно мора тоа чувство да се поттикне со саканиот Кафка, Достоевски...  Ако не ви се допаѓа однесувањето на мажот не треба да барате оправдување за неговото однесување. Како што ќе рече Бакли не треба да јадеш во ресторан кој личи како кај мама на ручек и немој да одиш во кревет со жена која има поголеми проблеми од тебе.

Скромноста не разубавува  никој, поради искомплексираноста, несигурноста и непочитувањето кон самиот себеси, жената живее без сексуални односи, не затоа што е таа лоша, туку поради лошиот однос кон самата себе. Затоа психологот треба да се занимава со оваа тема. Семејната терапија е развод. Само една семејна терапија сметам дека е корисна, а тоа е посредување на психологот кога се разведуваш. Единствено време кога е тој објективно зависен и кој може да се третира како заложник е детството и зависноста од родителите. Тоа е релативно кратко време. Во сите останаи случаи останување во било кои односи е избор на возрасен човек.

Објавено:
24 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.234 пати
Извор: 
elle.ru