Жената која анонимно донираше 5,5 милиони долари како поддршка за жени-уметници над 40 години...

27 декември 2019

Во период од 22 години, фотографката Сузан Унтерберг донирала вкупно 5,5 милиони долари како поддршка за женски уметници над 40-годишна возраст, а оваа хуманост ја правела под превезот на анонимноста.

Фото: Bored Panda, AllArtsTV

По повеќе од две децении таа конечно го открива својот идентитет.

Нејзината цел била, преку спонзорство да ја поддржи борбата на женските уметници во нивната средовечна доба, имајќи в предвд дека родовата нееднаквост е сè уште присутна, па дури и во вреднувањето на уметнчките дела.

Со оглед на тоа дека и таа самата е уметница, нејзиниот порив да помогне (со оглед на нејзините можности) на конкретната категорија, е сосема природен.

Со таа цел ја формирала нејзината фондација "Anonymous Was A Woman", преку која помогнала над 200 уметнци со грантови од 25.000 долари, од 1996 година па наваму.

 

 

Објавено:
27 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
308 пати