Жириото на бугарскиот „The Voice“ полуде по Македонката Калина Велковска

24 февруари 2020

На социјалните мрежи вчера се рашири видео од Македонка која учествува на бугарското издание на музичкото шоу „The Voice“.

Се работи за Калина Велковска, која буквално ги фасцинираше судиите и публиката, изведувајќи ја песната „This World“.

 За неколку часа, видеото досега е прегледано преку 17.000 пати, а коментарите се и повеќе од позитивни: „Девојката е дефинитивно фаворит за победа“, „Фантастична изведба“, „Секој тон беше на место“, се само дел од нив.

Инаку, Калина ѝ е позната и на домашната публика. Под името „Кали“, таа објави досега неколку песни, а со „Ти ми зеде сè“, за која направи и видео запис, ја најави својата соло кариера.

Во меѓувреме, на нејзината официјална фејсбук страница, се појави проект „Kaly's Music Challenge“, во кој Калина со други изведувачи и музичари, прават преработки и изведби на познати хитови.

Овој, во почетокот скромен проект, наиде на одличен прием кај публиката, па прерасна во нешто што редовно се пласира и се очекува.

Во продолжение ќе ви презентираме неколку од нив, а на Калина ѝ посакуваме среќа во понатамошното учество во популарното музичко шоу.

 

 

Објавено:
24 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
16.984 пати