Животот на Ив Сен Лоран низ фотографскиот дурбин на Роксан Лоуит

8 октомври 2014

Легендарната фотографка Роксан Лоуит  ја објави книгата посветена на дизајнерот Ив Сен Лоран. Публикацијата на книжевното дело вклучува оригинални фотографии снимени пред дваесет години, од нејзината прва средба со дизајнерот.

Креативното портфолио на Лоуит е импресивно ако ги земеме во предвид соработките со дел од најпознати светски списанија како Vogue, Elle, Vanity Fair, V Magazine и многу други. Таа на медиумите им раскажа дека прв пат се сретнале со дизајнерот на врвот од Ајфеловата Кула во 1978 година и од тогаш, па се до 2002-та  година биле неразделни во однос на работните ангажмани. Токму 24-те години соработка, дејствување и креативно создавање заедно со легендарниот Ив Сен Лоран, Лоуит преку фотографски кадри го раскажува во книгата.

Фотообјективот на Лоуит, не се фокусира само на Ив Сен Лоран како моден виртуоз, туку и на луѓето кои се дел од неговото секојдневие и од неговиот живот воопшто, како што се супермоделот Кејт Мос и Карл Лагерфелд.

Во реализација на проектот на Роксан Лоуит се приклучија и други ѕвезди како Џери Хол, Грејс Џонс, Палома Пикасо, Луси де ла Фалајс, музата на дизајнерот Дијана Вриланд. Книгата ќе биде објавена во ноември.

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Култура