Златен пресек за совршен ентериер

10 јануари 2015

Дали знаете колку Златниот Пресек игра важна улога во она што го нарекуваме навистина добар ентериер?

Collage

Пред да ја започнеме приказната, мало освежување: Златниот Пресек е математичка секвенца и се јавува како пропорција на растечки облик во природата. Златниот пресек значи идеална пропорција, поделба на правецот на два дела, при што помалиот дел кон големиот се однесува како што се однесува големиот во однос на целата должина.

Principles-07-600x300

Овој однос – 1 : 1,61, да бидеме прецизни е пронајден на пропорациите на човечкото тело, при формрањето на музичките секвенци и архитектонски формули кои датираат од времето на античките Грци и Римјани. Денеска е општо прифатено мислењето дека грчките архитекти го применувале Златниот пресек како најубава пропорција за најскладен облик на архитектура.

golden_cross

Иако има различни апликации, поголемиот број  луѓе веруваат дека употребата на овој показател прави работитите да изгледаат навистина пријатно и удобно во очите на другите. Поголемиот број на дизајнери на ентериери се научени да го користат во своите проекти, а би требало и сите ние да го користиме.

Зошто?

Распоредот на мебелот ќе биде во рамнотежа

Секој кој досега си купил двосед или тросед за дома знае колку е тешко да се смести во постоечкиот распоред. Прво, вие сте сигурни дека добро ќе изгледа на едно место, но не сте баш сигурни дали ви се допаѓа вклопен во друг агол или распоред. Потоа го селите двоседот во дневната соба неколку пати, за на крај повторно да го вратите онаму каде што првично го ставивте.

Следниот пат, избегнувајте ги овие маки земајќи ги размерите на собата однапред. Имајте го односот 2 : 3 на ум кога го уредувате просторот. За почеток визуелно поделете го просторот на два дела, еден поголем кој завзема 2/3 од собата и помал. Мебелот ја дефинира главната на собата, размислете и за секундарната функција, на него треба да се седи или складира.

Правилен избор на бои.

По правило боите се засновани на однос 1: 1,618. За оние кои не се сигурни, 10 – 30 – 60 правилото претставува добро дизајниран простор кој треба да се состои од три бои. Прво, доминантна боја која треба да покрие 60 % од просторот и обично се користи за ѕидови и подови. Таа би требало да биде следена од секундарната боја која завзема 30 % од просторот и обично се користи за мебелот. Конечно, смел акцент на бојата чиј процент би требало да биде 10, а се користи во облик на декор.

Каде да закачите уметничка слика?

Откако ќе го изберете ѕидот на кој треба да се постави вашето уметничко дело, треба да замислите мрежа од девет еднакви квадрати. Изберете го централниот квадрат како жариште. Потоа, проверете дали секундарните точки се пресекуваат во секој од четирите агли. Многу ѕидни галерии се дизајнирани со овој аранжман на ум. Се изгледа совршено, бидејќи можете да одберете големина и длабочина на уметничките дела и да создадете интересни ѕидни галерии. Истиот принцип го упторебивме и ние за една поголема слика.

^DB16D4BF5FB9F8FC03A687932E0A22D6687056D48EA348E0C9^pimgpsh_fullsize_distr

Златниот пресек треба да ни послужи како водич. Користете го како таков, но не ги заборавајте  и вашите инстинкти.

 

Објавено:
10 јануари 2015
Категорија: 
Култура