Златна Бубамара 2019: Да се предадеме!

5 февруари 2019

„Златна бубамара на популарноста“ е еден од настаните со најголема традиција кај нас. Најавата за претстојното 22. издание е веќе пуштена, а ние ви ја пренесуваме во целост:

„Драги наши ОТРУЕНИ и ЗАПОСТАВЕНИ граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

Време е ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа

Откако се ОДДАДОВМЕ – на лажење, крадење и НЕВЕРСТВА...

Ова е можност за просветлување и ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА НАДЕЖТА

Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.

Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште" во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА.

Од нас добивте 22 години – па кој Ви има дадено повеќе?

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ -НА СМЕА,МУЗИКА, МУДРОСТ И РАБОТА!“

 

Настанот ќе се одржи во ВИП Арената „Борис Трајковски“ на 21 февруари 2019.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку Мк Тикетс и Југотон од утре!

Објавено:
5 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.483 пати