Златна Бубамара: Награда за трајни вредности за Игор Џамбазов

5 февруари 2016

На годинешното 19-то издание на најпопуларното шоу во нашата земја, „Златна Бубамара“ наградата „Трајни вредности“ ќе му биде доделена на Игор Џамбазов.

Нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател и текстописец, повеќе од 40 години е значаен и препознатлив дел од македонската култура и уметност. Со своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов континуирано со секое свое појавување во јавноста и на сцената е со задоволство пречекан од публиката. Како добитник на наградата за „Трајни вредности" Игор Џамбазов од оваа година се вклучува во друштвото со легендите од оваа категорија кои во изминатите години беа добитници на Златна Бубамара - Влатко Стефановски, Неле Карајлиќ, Бајага, Оливер Мандиќ, Тончи Хулиќ, Дино Мерлин, Влада Дивљан и многу други.

Специјалното, 19-то „Тик Так“ издание на „Златна Бубамара“ годинава ќе се одржи под мотото „Да се собереме пред да нè соберат“ во Метрополис арената на 18-ти февруари .

Во изминатите 10 дена во 1 хала од скопскиот саем се поставуваше специјалана сценографија за потребите на престојната манифестација.

Мал број на влезници ќе бидат пуштени во продажба на 8-ми февруари преку мрежата на „Мк Тикетс“ и на билетарата во Универзална Сала по цена од 1200 и 1500 денари. 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.453 пати