Зошто никогаш нема да се снима Сексот и градот?

17 октомври 2017

За „Сексот и градот“ се раскажани многу приказни. Сценаријата секако дека не беа околу мајчинството ниту пак рецепти за добра торта. Тоа што се случи со таа серија е телевизиски феномен до ден денешен. Се емитуваше од 1998 до 2004 година, а поради интересот на публиката се снимија и два филма. Некои коментираа дека филмовите не ги задоволуваат очекувањата на публиката, но целта на продуцентите беше да се заработи што повеќе и во тоа успеаја. Пола милијарда во долари беше крајниот финансиски резултат. Третиот дел сите го очекуваат и во тоа најупорна е Сара Џесика Паркер, но се се смени откако таа пред неколку дена изјави: Разочарана сум. Имавме прекрасен, смешен, весел трети дел во кој секој можеше да се поистовети.


Причината поради која нема да се снима никогаш повеќе трети дел е Ким Катрал. Сара и Ким Катрал веќе подолго време се во конфликт и тие не комуницираат, а причината е секако која би имала поголем хонорар. Но, ова несогласување деновиве добива и службена потврда кога Ким Катрал објави на својот твитер профил дека уште 2016 година кажала како не сака да снима трети дел никогаш повеќе. Во интервју кај Пирс Морган ќе каже: Одговорот секогаш беше не. Немав никакви барања ниту пак поголем хонорар. Баш ми е смешно што за мене се раскажува дека сум некаква дива. Никој не се јави никогаш да ме праша како сум. Се чувствувам како да сум во некоја отровна врска.


Њујорк Пост ќе напише како ривалството помеѓу Сара и Ким трае уште од првата сезона. Катрал беше најсилно име во серијата несомнено, камерата и беше најдобар сојузник, продуцентот на серијата Дарен Стар и е најдобар другар во тие први сезони. Но, после третата на негово место доаѓа пријателот на Сара Џесика, Мајкл Патрик Кинг кој буквално ја тргнува на маргините Ким, како финансиски така и актерски. За време на снимањето сите живеат заедно во изнајмена куќа освен Ким. Нетрпеливоста била толку голема што продуцентите предложиле да се убие ликот на Саманта. Се сложувате нели? Лошо и контрапродуктивно!


Ким Катрал вели дека со своите шеесет години конечно сака да се посвети сама на себе и на своите одлуки зад кои стои безрезервно.

„Не сакам да го терам животот што е добро за мојата кариера, сакам да живеам онака како што е најдобро за мене. Чувството е фантастично!“
Не постојат милиони долари кои би ја предомислиле Ким Катрал. Каков лик! Браво!

 

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.202 пати