„Звукот на материјалите“ е водечката тема на новото издание на SDW

6 ноември 2017

Седмото издание на "Недела на дизајнот во Скопје" (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба" и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите се достапни на веб страната на фестивалот www.ministryofpleasure.net и социјалните мрежи.

Тема на овогодиното издание на SDW е "Звукот на материјалите", каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде секако водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

Музичката програма се чини дека е подобра од било кое предходно издание. Пет музички групи од регионот ја имаат честа да настапат на Неделата на дизајнот и тоа, "Васил Хаџиманов бенд", "Ѓорги Шаревски трио", "Како - кало банда", "Артан Лили" и "Михали Борбели Балкан џез проект".

Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек - Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.
Викен програмата е резервирана за работлница за дизајн расмислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Влезот на Неделата на дизајн  е слободен за сите посететители.

Објавено:
6 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
296 пати